Ова вашиот сопруг ќе го направи прекрасен татко

Од:

Помогнете му на вашиот сопруг да развие свест за родителските должности и одговорности и да стекне самодоверба во врска со подигнувањето на децата…

Пружете му шанса

Да, знаеме дека способноста за брзо менување на пелени не му е вродена и дека нејвројатно ќе направи грешка кога ќе прави кашичка за бебето, но признајте дека и на жените од време на време им се случуваат вакви грешки. Немојте да го оддалечувате од детето, туку дозволете му да учи и на свој начин да се избори со обврските.

Вклучете го во семејниот живот

Доколку постојат ситуации за кои имате чувство дека вие сте личноста со повеќе знаење и искуство, наведете го својот маж да учи од вас. Знаеме дека некои работи можете подобро сами да ги извршите, но учењето нови работи и учеството во семејниот живот ќе го направат среќен и горд што придонсува во одгледувањето на децата.

Развивајте кај децата позитивна слика за него

Доколку не ви се допаѓа некој негов метод на воспитување, немојте да го прекорувате пред децата, туку поразговарајте со него насамо. На тој начин децата нема да го загубат почитувањето кон него. Доколку нешто ви се допаѓа пофалете го пред децата, ќе бидат среќни што имаат таков добар родител.

Помогнете му да развие чувство за родителство

Се случува на мажите и татковците не секогаш да им е баш најјасно за што се имаат одговорност. Наместо да го опсипете со навреди, објаснете му мирно и сталожено или само потсетете го.

Размислете за своите очекувања

Секое семејство е различно и секој пар на свој начин одгледува дете. Во тој процес неопходно е добро да размислите за тоа што очекувате од својот партнер. Наместо со лут тон да му ги наметнувате обврските со кои не се снаоѓа најдобро, поделете ја работата рамноправно. Доколку му оди математиката нека им го објаснува на децата тој предмет, а вие фокусирајте се на англискиот јазик. Комуникацијата е клучна, грубоста само ќе создаде негативна атмосфера, која е штетна за развојот на личноста на детето.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска