На приложената мапа секоја земја е обоена со боја, која означува колку сообраќајни незгоди се случуваат на сто илјади жители во период од една година.
Најопасни дестинации моментално се Еритреја (48,4 починати на сто илјади жители), Либија (40,5) и Ирак (31,5), а меѓу помалку безбедните држави се најдоа и некои од најпопуларните туристички дестинации како Тајланд (38,1) и Јужноафриканската република (31,9), пишува „Телеграф“.
Релативно ризични патишта можат да се најдат и во Еквадор, Виетнам, Бразил,Парагвај, Кенија и Лаос.
Патиштата во Потугалија се помалку безбедни од оние во преостанатиот дел во Западна Европа, а возењето во САД е двојно поопасно отколку возењето во Канада.
Најбезбедни места за возење се патиштата на Малдиви (1,9), Норвешка (2,9), Шведска (3), Швајцарија (3,4) и Велика Британија (3,5).