Ова е најевтината куќа во Британија

Од:

Оваа куќа може да биде ваша за само 5 илјади евра. Со оваа цена тоа е најевтината куќа во Британија во последните децении. Колку за пример останатите куќи во оваа тивка стамбена улица во градчето Тонипанди во Јужен Велс, се продаваат за најмалку 80 илјади евра.

Но овој имот стои празен веќе десет години и куќата е без керамиди. Затоа и агенцијата која го продава го нарекла “луцидна инвестиција”.

И дали ова може да биде добра инвестиција? – На куќата која скоро и да нема покривна конструкција, забележливи морничави завеси и е празна повеќе од една деценија, со голема сигурност ќе и биде потребно големо “внимание“.

Куќата е во поранешното рударско градче, кое во последните години доживеаа голем пад на индустријата. Има два спрата над земја и два под земја. Агенцијата која ја продава објаснила дека напред има нешто налик на тераса која со многу грижа и љубов можеби и ќе заличи на градина.

Но и агентот кој ја продавал објаснил дека на куќата и е потребен “комплетен ремонт“.

Но агентот исто така тврди дека имотот може да биде колку и луцидна толку и остроумна инвестиција, кога ќе се споредат цените на соседните имоти во соседството кој во просек чинат од 80 до 120 илјади евра.

Според еден од аукционерите најевтината куќа во Британија е продадена во округот Дурам за 10 илјади евра претходно оваа година. За да се добие имот со ваква цена од 5 илјади евра, додал познавачот на трговијата со имоти, ќе мора да го вратат времето назад речиси половина век.

Иако едно неодамнешно истражување покажа дека цените на недвижностите во Велика Британија паднаа, сепак цената на овој дом е под просекот. Целосното реновирање најверојатно ќе го чини новиот сопственик значително повеќе од цената која ќе ја плати за да го добие имотот. Куќата има две соби за дневен боравок, кујна, во горниот дел две спални, двор и затворена задна градина.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар во Саутемптон, клубот го одложи вечерашниот натпревар

Во Норфолк: Четиричлено семејство пронајдено мртво, таткото и мајката се прободени во вратот

Горан Наумовски

Обилниот снег на северот на Англија предизвика сообраќаен колапс и прекин на електричната енергија

Горан Наумовски

Во Манчестер: Полицијата и пожарникарите опколија авион поради закана за бомба

Горан Наумовски

Медицинската сестра која уби седум бебиња во Британија осудена на доживотен затвор

Горан Наумовски

Англиски насилник брутално претепа жена, косата на жртвата и беше црвена од крв