OurMine: Дури и Фејсбук може да биде хакиран

Од:

Твитер потврди дека нивните официјални налози на социјалната мрежа Фејсбук, како и на платофрмата Месинџер, биле хакирани.

Медиумите претходно пренесоа дека налозите на Фесбук вчера ги презела хакерската група „OurMine“, која притоа ја испратила пораката „дури и Фејсбук може да биде хакиран“.

Групата оваа порака ја ставила на налозите на Твитер и Инстаграм на Фејсбук, а налозите сега се повторно воспоставени, пренесе Би-Би-Си.

Групата „OurMine“, која во јануари хакираше повеќе од 10.000 екипи на американскиот фудбал, тврди дека нивните напади претставуваат обиди да се укаже на ранливоста на кибер просторот.

Групата на налог на Твитер на Фејсбук постави порака : „Здраво, ние сме „OurMine“, па дури и Фејсбуик може да се хакира, иако нивната безбедност е барем подобра од таа на Твитер“.

Групата упаднала и на налозите на Фејсбук и Месинџер на Инстаграм, каде го поставиле своето лого.

Официјалниот сајт на Фејсбук не е хакиран.

Би можело да ве интересира

Фејсбук со намалена маркетинг продажба поради стравот од пандемијата

А1он

Фејсбук бележи раст на корисници, но намалување на приходите

Ана Ололовска

Фејсбук и Инстаграм ја намалија брзината на проток на видео-содржините во Европа

Ана Ололовска

„Бизнис инсајдер“: Фејсбук погрешно ги филтрира објавите за коронавирусот

Ана Ололовска

Австралија го обвини Фејсбук за откривање на личните податоци на над 300.000 нејзини корисници

Ана Ололовска

„Фејсбук“ забранува реклами за лекови и превенција од новиот коронавирус

А1он