Откриен идентитетот на најпознатиот сериски убиец

Од:

Истражувачот Расел Едвардс објави дека го открил идентитетот на серискиот убиец Џек Мевосек, откако ја идентификувал ДНК што точно се совпаѓа со онаа на неговиот главен осомничен.

Своето тврдење Едвардс го изнел користејќи ДНК пронајдеодна на местото на едно од убиствата, пишува британски „Сан“.

Според него, ДНК анализата утврдила дека за злосторствата е одговорен осомничениот Арон Космински, полски имигрант и фризер.

„Многу е тешко да се опише чувството кога видов ДНК совпаѓање од 100 проценти“, рече Едвардс.

Космински почина пред многу години, што значи дека не може да биде кривично гонет, но Едвардс верува дека ова е најблиску до правдата за жртвите.

Со помош на генеалог пронашол жив роднина на Космински, кој се согласил да ја сподели неговата ДНК.

Сега, потомците на жртвите, вклучително и Карен Милер, чиј предок Кетрин Едоус беше убиен, бараат официјална истрага за конечно да се идентификува убиецот.

Во 2007 година, Едвардс купил шнола која наводно била пронајдена на телото на Кетрин Едоуз, а неодамнешната анализа покажала дека содржи ДНК и од жртвата и од осомничениот.

Џек Мевосек е одговорен и за убиствата на Мери Ен Николс, Ени Чепмен, Елизабет Стерејд и Мери Џејн Кели.

Би можело да ве интересира

Глупоста е бесконечна: Бразилка мислела дека се допишува со Маск, му испратила пари за авионско гориво

А1он

Русија прави своја верзија на Евросонг

А1он

ВИДЕО: Ајкула нападна и уби тинејџерка, и немаше спас

А1он

Поддршката на Мадона за студентите предизвика реакциja од Карлеуша: Легенда си, ама одје*и

А1он

Драма во вселената: „Заглавената“ астронаутка заборави да оди

А1он

ВИДЕО: Познатата пејачка се онесвести на сцената додека настапуваше

А1он