Откажан новиот филм на Саша Барон Коен

Од:

Новиот филм со контроверзниот британски комичар Саша Барон Коен, под работен наслов „Судењето на чикашките седуммина“ е откажан, неофицијално – поради недостиг на финансии.

Проектот беше во претпродукција, а премиерата беше закажана за наредната 2019 година.

Приказната е за судењето на седуммина учесници во антивоените протести при Националната конвенција на американската Демократска партија во Чикаго во 1968 година.

Филмаџиите на интернет коментираат дека можеби буџетот и не е вистинската причина за откажувањето, туку контроверзната тема.

Освен Коен (попознат како Борат и Али Џи), за улога во филмот беше ангажиран и оскаровецот Еди Редмејн.

Би можело да ве интересира

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата

Скорсезе снима нов филм за Исус кој нема да трае три часа: Се обидувам да ја доближам религијата до луѓето