Oсвоила над 200.000 евра во казино во Франција за Нова година

Од:

Жена освоила повеќе од 200.000 евра на новогодишната ноќ во казино во Сен Мало, Бретања, Франција… Инаку, како што изјави вчера директорот на казиното, 40-годишничката ставила само 80 евроценти во автоматот.

– Таа е почетничка со коцкање и автоматите, и била на одмор со нејзината мајка. Таа освои 209.715,20 евра – што е втор најголем џекпот во ова казино од воведувањето на автоматите за игри на среќа пред 30 години!, изјави директорот на казиното „Бариер“ (Barrière), Франсоа-Стефан Верне.

Тој раскажува и како луѓето честопати и не сфаќаат што им се случува во такви мигови.

– Жената беше „малку изненадена“… Ја тргнавме настрана и ѝ понудивме чаша шампањ, рече тој.

Во истото казино, во 2011 година, играч освоил 425.000 евра вложувајќи 60 центи.

Би можело да ве интересира

92-годишниот медиумски магнат се вери со 25 години помладата девојка: Да ја поминеме втората половина од животот заедно

Предраг Петровиќ

Објавена листата на најсреќни нации во светот, Македонија последна во регионот

Ана Ололовска

ВИДЕО: Водителка се онесвести во програма во живо

Катерина Павлова-Николовска

ВИДЕО: Снимка од пензионер кој полуде и брка мотоциклист со автомобил додека не го собори

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Хари Стајлс го прекина концертот поради еден пар: Дали сте сигурни дека сте подготвени?

Предраг Петровиќ

Чисти куќи целосно гола: „Има чудаци кои сакаат две работи“

Предраг Петровиќ