Осум претседателски кандидати ќе настапат на форум за правата на црномурестите жени во САД

Од:

Осум кандиндати за претседател од демократите денеска ќе настапат на иста сцена на форум во Хјустон каде ќе се дискутира за правата на црномурестите жени во САД.

На иста сцена еден по друг, ќе се појават сенаторот Берни Сандерс, поранешниот конгресмен Бето О’Рурк, сенаторките Камала Харис, Кори Букер, Ејми Клобучер и Елизабет Ворен, конгресменката Тулси Габарад, како и Хулијан Кастро, паранешен член на кабинетот на екс-претседателот Барак Обама.

Сите тие се учесници во трката за номинација на претседателски кандидат од Демократската партија кој ќе му се спротивстави на Трамп на изборите во ноември 2020 година.

Настанот е организиран од иницијативата „Таа народот“, група на жени кои се борат за правата на афроамериканските жени во САД, и ќе се одржи во Универзитетот на Јужен Тексас. Целиот настан ќе биде пренесуван во живо на Фејсбук страната на „Таа народот“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

САД бара од Украина да ги запре нападите врз руските рафинерии

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

ВИДЕО: Американската милјардерка која со Тесла излета во езеро и се удави била пијана

Малолетник убил девојче со 114 убоди од нож, сега му се заканува доживотен затвор

Горан Наумовски