Новиот филм на Селена Гомез „Getaway“, кој од минатата недела се прикажува во кината, доби лоши оценки од филмските критичари.
Иако филмот е остро критикуван, Гомез не е многу вознемирена поради тоа.
– Секако дека би сакала да добие добри оценки за својата работа, но сега ја достигна точката во кариерата кога може да прави што сака и на се оптоварува за тоа што ќе го кажат критичарите, изјави близок пријател на актерката.
Списанието „Ролин Стон“ објави дека гледачите нема да избегнат оштетување на мозокот додека го гледаат филмот, додека „Вултур“ му ја додели титулата „најлош филм објавен во текот на летото“.