Две тела се пронајдени во Казан, а на ѕидот била напишана порака со крв за ослободување на „Pussy Riot“.
Над нив на ѕидот со крв било испишано: Ослободете ги Pussy Riot.
Телата се на жена, пензионер, на возраст од 76 години, и за нејзината 38 годишна ќерка. Тие , според истрагата биле убиени со нож. Според истрагата, убиството го извршил психички пореметен човек или зависник од дрога кој се обидел да ги сокрие трагите со пораката упатувајќи на бендот.
„Убиецот се обидел да го избегне сомнежот и да ја наведе полицијата на погрешна трага“, изјави Андреј Шептитски, кој учествувал во полициската истрага.
Адвокатот на затворените девојки, за убиствата во Kазан на Твитер напиша: Тоа што се случи во Казан е ужасно, тоа е или грозна провокација или психопатија.
Истражните органи предупредија дека убиецот најверојатно на овој начин се обидува да ја упати полицијата на погрешна страна свртувајќи го вниманието кон затворените панкерки, Сепак дел од медиумите во Русија побрзаа да објават дека двојното убиство е инспирирано или извршено од следбеници на Pussy Riot.
Московскиот суд ги осуди трите членки на групата на две години затвор откако во февруари изведоа „Панк молитва“ против претседателот Владимир Путин.
Руската црква жестоко реагираше и ја осуди претставата.