Оскарот за визуелни ефекти за „Животот на Пи“ на кој работеа и аниматорите од ФХ3Х

Од:

Македонското студио ФХ3Х беше дел од тимот, кој работеше на визуелни ефекти на филмот „Животот на Пи“, на режисерот Анг Ли, кој синоќа на свеченоста во „Долби театарот„ во Лос Ангелес, го освои оскарот во оваа категорија.

Тоа беше еден од трите филма на кои македонската компанија соработуваше од вкупно петте номирани филма во категоријата на визуелни ефекти за најпосакуваната статуетка кај филмските работници на Американската академија за кинематографска уметност и наука.

Станува збор за успешната соработка со тимот на Industrial Lights & Magic на третиот најпрофитабилен филм на сите времиња, „Marvels The Avengers” (Одмаздници) и на MPC Technicolor од Лондон, на филмовите „Prometheus” (Прометеј) и „Life of Pi” (Животот на Пи). Останатите два филма во конкуренција за визуелни ефекти беа „The Hobbit: An Unexpected Jorney“ (Хобитот: Неочекувано патување) и „Snow White and the Huntsman“ (Снежана и ловецот).

Инаку, режисерот Анг Ли го доби својот втор „Оскар“ за филмот „Животот на Пи“, кој е создаден според истоимениот роман на Јан Мартел.

ФХ3Х соработуваа и нa проектот „Les Miserables” (Клетници) со Mill Film од Лондон – мјузикл, кој заедно со „Life of Pi” беше номиниран за најдобар филм.

За соработката со овие компании Кристијан Даниловски, ко-основач на ФХ3Х порано изјави дека претставува огромна чест и задоволство заради тоа што тие се едни од најстарите и најценетите компании во овој бизнис во светот и се врвот според квалитетот и техничката реализација на нивната работа.

– Ни претставува двојно задоволство што бевме дел од проектите кои се номинирани, но филмовите како што се „Одмаздници” и „Животот на Пи” го подигаат нивото на целата индуструја. Горди сме на секој проект, овие номинации се дел од највисоката валоризација на нашата работа во нашата индустрија, рече Даниловски.

Тимот на ФХ3Х работеше на „Ранго“, кој во 2012 година освои оскар во категоријата на долгометражен анимиран филм.

„Оскарот“ за најдобар филм синоќа го понесе политичкиот трилер „Арго“, во режија на Бен Афлек. Филмот опишува реални настани поврзани со персоналот во американската Амбасада во Иран, кои во 1979 година беа земени за заложници.

Би можело да ве интересира

Кумановецот Горан Стојменовиќ еден од добитниците на Оскар

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата