„Оскарите“ и годинава без водител

Од:

Доделувањето на „Оскарите“, едно од најгледаните шоуа од Холивуд, и годинава, како и лани, ќе се одржи без водител, соопштија организаторите. Свеченоста е закажана за 9 февруари, а номинациите ќе бидат објавени в понеделник.

– Одлучивме да нема водител, бидејќи минатогодишното доделување мина добро, изјави Кери Бурк, директорка на телевизијата Еј Би Си.

Комичарот Кевин Харт минатата година мораше да се откаже од улогата водител поради негови одамнешни хомофобични објави на Твитер. Затоа организаторите првпат по 30 години одлучија телевизискиот настан да нема водител.

Како дополнителен мотив беше наведено и внесувањето свежина и враќањето на публиката на ова популарно шоу.

Би можело да ве интересира

Филмот „Сестри“ национален кандидат за наградата Оскар за најдобар интернационален филм

А1он

Следниот „Оскар“ ќе се доделува во март, еден месец подоцна од предвиденото

Ана Ололовска

ВИДЕО: Ентони Хопкинс изненаден од новиот Оскар

Ана Ололовска

ВИДЕО: Ентони Хопкинс и Франсис Мекдорманд – добитници на Оскар за најдобри актери

Ана Ололовска

Ноќ на Оскарите – пандемиско издание на гламурозната манифестација

Бред Пит и Хоакин Феникс ќе доделуваат „Оскари“