Оревите се корисни во мали количества

Од:

Не треба да се консумираат повеќе од 50 грама ореви и други јаткасти плодови на ден – гласи советот на д-р Наталија Денисова, нутриционист во Федералниот истражувачки центар за исхрана и биотехнологија во Москва. Според неа, дневната норма е меѓу 30 и 50 грама ореви, а повеќе од 60 грама ќе „донесат“ само непотребни калории и може да го иритираат стомакот.

– Сто грама ореви се еднакви на 600 килокалории и може да доведат до непријатни реакции во системот за варење. Се препорачува да се јадат пет до шест половини од орев на ден и не повеќе од 10-12 бадеми или лешници, предупредува таа.

Оревите, и покрај присуството на маснотии во нив, се способни да го намалат нивото на „лош“ холестерол. Многу истражувања го потврдуваат тоа дека редовното јадење ореви кај луѓе на возраст од 60-70 години значително го намалува ризикот од атеросклероза и други срцеви заболувања.

Оревите се неоспорен предводник во содржината на омега-3 киселини, коишто се сметаат за најкорисни за срцето и крвните садови.

Би можело да ве интересира

Неколку совети за природна заштита од комарците

Ана Ололовска

Научни истражувања: Аспартамот не е штетен по здравјето

Ана Ололовска

Совети за полесно справување со гневот и стресот

Ана Ололовска

На човекот дневно му требаат не повеќе од 20 минути сончање

Ана Ололовска

Со класична музика до поподнослива битка со неизлечивите болести

Ана Ололовска

Ф’стаците и бадемите може да ја намалат анксиозноста

Ана Ололовска