Одмаздничка порнографија: партнерката често не знае дека е снимана за време на интимниот однос

Од:

Во светот расте бројот на жртвите на таканаречената „одмаздничка порнографија“, на кои поранешните партнери им се закануваат дека ќе ги објават нивните приватни фотографии и видеоснимки.

Што можат да направат девојките и жените кои се жртва на вакви закани и уцени?

Во разговор за српската ТВ Прва, Сања Перковиќ, на која поранешниот партнер ѝ се заканувал дека ќе објави интимни снимки, рече дека била во шок кога заканите биле првпат упатени, но дека веднаш презела мерки – нејзиниот начин бил тоа да го каже јавно, на својот фејсбук-профил.

„Почувствував дека мојот живот веќе не е под моја контрола, како да треба да живеам во страв, затоа што некој манипулира со мојата приватност. Страшно е што многу луѓе живеат во тој страв,“ вели Перковиќ.

Според експертите, иако и мажите се изложени на бројни форми на дигитално насилство, жените, а особено младите, несразмерно почесто се изложени на посериозните облици на ова насилство. Тие почесто се следени и сексуално вознемирувани, а тоа ја вклучува и одмаздничката порнографија. На Балканот, ова е честа појава во интимните партнерски односи и таа претставува продолжение или пренесување на насилството на онлајн просторите. Кога се случува ова? Обично по раскунувањето на врската, велат психијатрите.

Психотерапевтката Кристина Брајовиќ Цар вели дека образецот на однесување може да покаже дали партнерот е во состојба да се заканува со објавување на приватни снимки.

„Тоа се личности кои се обидуваат суптилно да манипулираат со своите партнери, на пример да го коментираат облекувањето, да се обидуваат да го подигнат степенот на чувство на срам кое е поврзано со нечија сексуалност,“ вели таа.

Брајовиќ Цар додава дека често се случува личноста која се чувствува повредено по прекинот на љубовна врска да не дојде самата на идејата да објави интимни снимки, туку тоа да го направи на предлог на некој друг, кој има изменета психопатска структура.

Вања Мацановиќ, правничка во Автономниот женски центар, посочува дека српскиот правен систем е на „примитивно ниво“, како и дека овие случаи не се гонат по службена должност, туку оштетените треба да поднесат приватна тужба.

„Нашиот правен систем се нема прилагодено на новото време и на сите начини на кои некој може да манипулира со нас,“ вели Мацановиќ и додава дека партнерката често не знае дека е снимана за време на интимниот однос, па женските организации повеќе го користат терминот „порнографија без согласност“, отколку одмаздничка порнографија“.

Таа вели дека „не е срамота“ доколку се дојде до ситуација некој да ви се заканува и дека тоа може да се случи секому. Според Мацановиќ, не треба да се оди на средба со личноста која се заканува, затоа што тоа може да биде опасно.

„Ако сакате да одите, одете со трета личност, поради безбедност,“ вели таа.

Би можело да ве интересира

Уште една инфлуенсерка го обвини раперот за сексуално злоставување

Градоначалникот на Њујорк обвинет за сексуален напад

(ВИДЕО) ФБИ почна истрага: Моден магнат со години силувал млади мажи и им ветувал кариера

81-годишник сексуално злоставувал дете, се бара притвор

Една година сексуално злоставувала близнаци-и се закануваат многу години затвор

Предраг Петровиќ

Тренчевска: Годинава три девојчиња биле цел на сексуална експлоатација

Ана Ололовска