Од 1 до 4 август четвртото издание на фестивалот „Ohrid calling“

Од:

Од 1 до 4 август на нова локација, во кругот на поранешната касарна во Охрид, ќе се одржи четвртото издание на „Охрид колинг 2019“ („Ohrid calling 2019“), фестивалот што иницијално беше организиран како активност во насока на промоција на туристичката понуда на градот.

На денешната прес-конференција по повод фестивалот, Ивана Нолчева од продукцијата „Авалон“, како организатор на манифестацијата, истакна дека на спектакуларната фестивалска бина ќе настапат дваесеттина познати имиња од музичката електронска сцена. Ѕвезди на фестивалските вечери ќе бидат Стив Аоки, Маркус Сулц, НЕРВО, Вини Вици, Санери Џејмс, Рајан Маричано и уште многу други.

– Низ годините фестивалот привлекува особено внимание, со масовна посетеност на публика од земјата, регионот, па и целиот свет. Годинава според продажбата на билетите, очекуваме рекордна посетеност од 50.000 посетители за сите четири вечери, од кои околу пет илјади странски посетители дневно, рече Нолчева.

Таа најави дека и за ова фестивалско издание ќе биде подготвена спектакуларна сцена, со врвно озвучување, најсовремени визуелни ефекти, пиротехника, односно сите предуслови за несекојдневно музичко доживување.

Редовно, како и изминатите години, дел од програмата ќе бидат и познати домашни ди-џеи, перспективниот Александар Галоски и електро-дуото Бојан и Андреј Сирилик.

Галоски во оваа прилика изрази задоволство што „ Охрид колинг “ прераснува во еден од најперспективните фестивали од тој вид не само во регионот, туку и пошироко.

– Од годинешниот лајн-ап на учесници на фестивалот може да се види дека истите имиња се дел од понудата на најголемиот светски фестивал „Tomorrowland“, што за мене е особена чест да настапувам со такви имиња, рече тој.

Бојан од дуото Сирилик очекува исклучителни четири музички вечери, со незаборавна забава до раните утрински часови.

Билетите за фестивалот се достапни преку продажната мрежа на „Авалон“ низ земјата, како и преку нивната интернет-страница. Организаторот ги информира сите оние што купиле блок-влезници за сите фестивалски вечери дека можат да ги заменат за специјални алки за влез на нивните продажни места.

Изминатите фестивалски изданија на сцената на „Охрид колинг“ настапуваа бројни светски ѕвезди од електронската музичка сцена како Димитри Вегас, Лајк Мајк, Џекс Џонс, Роџер Санчез, Армин ван Бурен, Ники Ромеро и Лост Фреквенсис, Афроџек, Хардвел и многу други.

Би можело да ве интересира

Ванковска: Сосема нов Устав, затоа што постоечкиот е неупотреблив – дели наместо да сплотува

А1он

Левица од Охрид: Тука Нефи го рушеше АСНОМ додека Пецаков молчи

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска: Ги исполнуваме препораките на УНЕСКО и заеднички овозможуваме трајна заштита на Охридскиот регион

Мониторинг-мисијата на УНЕСКО на проценка во Охрид

Кражбата во средното училиште во Охрид ја извршила ученичка

Стоилковски: Непотизам во Охрид, роднината на Зечевиќ главен кадровик на СДС во општината

Катерина Ѓуровски