Објавени номинациите за Златен глобус

Во Лос Анџелес денеска беа објавени номинациите за овогодишната кандидати за филмските награди Златен глобус.

Номинираните во дури 25 категории ги презентирани актерите Тери Крувс, Данаи Гурира, Лесли Ман и Кристијан Слејтер.

Во категоријата Најдобра драма за наградата конкурираат „Black Panther”, „BlacKkKlansman”, „Bohemian Rhapsody”, „If Beale Street Could Talk” и режисерското деби на Бредли Купер, „A Star Is Born”.

За Златен глобус во конкуренција мјузикл и комедија се натпреваруваат „Crazy Rich Asians”, „The Favorite”, „Green Book”, „Mary Poppins Returns”, „Vice”.

Меѓу номинираните за најдобар актер во категоријата драма се Бредли Купер, Вилијам Дефо, Џон Дејвид Вашингтон, Рами Малек и Лукас Хеџис, додека во истата категорија меѓу номинираните актерки се Глен Клоус, Никол Кидман, Лејди Гага, Мелиса Макартни и Розамунд Пајк .

На наградата за најдобар режисер се надеваат Бредли Купер, Алфонсо Куарон, Питер Фарели, Спајк Ли и Адам Мекки.

Номинациите за Златен глобус обично навестуваат каков расплет треба да се очекува на доделувањето на Оскарите, а меѓу фаворитите за триумф на двете церемонии се Бредли Купер и филмот „A star is born“.

Преносот на 76. Златен глобус ќе го врши Ен-Би-Си, а тој ќе може да се следи во 210 земји и територии ширум светот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Дали е ова најнепријатната сцена од доделувањето на Златен глобус?

Ана Ололовска

Објавени номинациите за Златен глобус

Ана Ололовска

ФОТО: „Ла ла ленд“ освои рекордер број статуетки на „Златните глобуси“

Ана Ололовска