Објавени номинациите за „People’s Choice Awards“

Од:

Организаторите на „People’s Choice Awards“ (популарните американски „Награди од публиката“) ги објавија годинашните номинации, а меѓу оние со најголем број прилики за награда, се „Игра на престоли“ и „Одмаздници: Завршница“.

Во категоријата најдобар филм за 2019, покрај „Одмаздници“, за статуетката ќе се натпреваруваат и „Приказна за играчките 4“, „Брзи и бесни: Хобс и Шо“, „Капетанката Марвел“, „Џон Вик 3“, „Кралот лав“, „Ние“ и „Спајдермен: Далеку од дома“.

Покрај „Игра на престоли“,за најдобра серија во игра се и „Вовед во анатомија“, „Бубалици“, „Живи мртовци“, „Ова сме ние“, „Ривердејл“ и „Почудни нешта“.

Во номинациите најдобар глумец / глумица, ќе се борат Роберт Дауни Џуниор, Крис Хемсворт, Том Холанд, Вил Смит, Кијану Ривс, Семјуел Л. Џексон, Адам Сендлер, Скарлет Јохансон, Бри Ларсон, Мили Боби Браун, Зендеја, Софи Тарнер, Џенифер Анистон, Лупита Њонг и Теса Томпсон.

Номинирани за најдобар пејач се Шон Мендес, Пост Малоун, Ед Ширан, Дрејк, Тревис Скот, Калид, Лил Нес Икс и Бед Бани. Номинирани за најдобра пејачка се Аријана Гранде, Тејлор Свифт, Карди Би, Халси, Били Ајлиш, Мајли Сајрус, Камила Кабело и Пинк.

Откако веќе помогна да се одредат номинираните, публиката сега ќе гласа и за победник во 43 категории од областа на филмот, телевизијата, музиката и поп-културата. Гласањето ќе трае до 18 октомври, 11:59 часот.

Наградите ќе бидат објавени на 10 ноември.

Би можело да ве интересира

„Парамаунт“ подготвува преработка на филмот „Без лице“

Ана Ололовска

„Беверли Хилс“ бележи најголем пад на гледаноста летово

Ана Ололовска

Американската полиција трага по двојник на Хајзенберг од „Breaking Bad“

Ана Ололовска

ВИДЕО: Најмоќните филмски сцени во последните 21 година

Ана Ололовска

САД го добива првиот ресторан со марихуана на менито

Ана Ололовска

Брајан Остин Грин бил во врска со две колешки од серијата „Беверли Хилс“

Ана Ололовска