„Новогодишна бајка“ за најмладите во скопската Зоолошка градина

Од:

Зоолошката градина во Скопје трета година по ред во пресрет на Новата година им приреди предновогодишна бајка за најмалите. Децата имаа можност да уживаат во детска претстава, и да добијат неколку бесплатни подароци.

Портпаролката на Зоолошката градина, Тина Мицковска истакна дека и оваа година се потрудиле да им приредат добра забава на најмалите со почитување на протокoлите. Со тоа што на децата им овозможиле да гледаат мини претстава со јунаците на Дизни, да добијат бесплатни поклони, како и да го поздрават Дедо Мраз кој пристигна на „волшебно вовче“.

– Дечињата се многу среќни бидејќи дојдоа да се дружат со дедо мраз, но сега на дистанца, за жал такви се околностите оваа година. Се надевам дека следната година ќе се дружиме онака како што треба за сите дечиња, денеска има бесплатни подароци од нашите пријатели на зoолошката градина и мислам дека тоа е она што најмногу ги израдува дечињата, изјави Мицковска.

Таа ја искористи приликата да соопшти дека Зоолошката градиnа оваа година е побогата со неколку нови животни кои се вистинска атракција за посетителите.

– Иако бевме во состојба на пандемија нашите активности не запреа за првпат добивме фламинга, пингвини, двогрбни камили алпаки и други животни кои сега се омилени на сите посетители.

За крај Мицковска додаде дека работат на подобрување на сите живеалишта и на тоа зоолошката да ја направат налик на другите европски зоолошки.

Би можело да ве интересира

Колку луѓе ја дочекаа Нова година на небото? Во моментот на пристигнување на 2024 летале 10.560 авиони

А1он

Ковачевски со новогодишна честитка: Среќна Нова 2024, можеме, знаеме и умееме да обезбедиме подобар живот за сите

А1он

Првото бебе во 2024 година е машко: Се роди точно на полноќ

А1он

Новата година веќе пристигна во Кирибати

Нема огномет на плоштад за Нова Година, Град Скопје ќе ги донира парите

Катерина Ѓуровски

За празниците ќе дежурaaт поликлиниките Јане Сандански, Чаир, Ченто, Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Драчево и Бит Пазар