Новиот Porsche Taycan веќе има 20 000 купувачи

Од:

Првиот, чисто електричен, спортски автомобил од Porsche, Taycan стекна големо внимание насекаде низ светот. Возилото нема да биде претставено на јавноста до септември и неговиот финален дизајн сеуште е непознат. Но сепак, повеќе од 20.000 луѓе ширум светот имаат сериозен интерес да купат еден од нив, како што потврдија од компанијата на Меѓународниот саем на автомобили во Женева.

Porsche Taycan ќе има деби во септември, а лансирањето на пазарот треба да се одржи пред крајот на годината. Возилото ќе може да забрзува од 0 до 100 км/ч во значително помалку од 3,5 секунди. Ќе има опсег од повеќе од 500 километри што се мери во согласност со NEDC.

Покрај тоа, ќе биде можно да се додаде досег од 100 километри за полнење од само 4 минути.

„Огромниот интерес за Тајкан ни покажува дека нашите клиенти и фанови се исто толку возбудени околу првиот Porsche електричен модел, како и ние – и затоа ги зголемивме производствените капацитети“, потврдува Девлел фон Платен, член на Извршниот одбор за Продажба и маркетинг во Porsche AG. „Taycan ќе биде највозвишено и технички најнапредно возило во својот сегмент – вистински Porsche“.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

Орце Костов

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

Орце Костов

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

Орце Костов

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска