Нови обвиненија за сексуално злоставување против Куба Гудинг-џуниор

Од:

Уште две жени го обвинуваат оскаровецот Куба Гудинг-џуниор за сексуално злоставување, јави ТМЗ повикувајќи се на полициски извори.

Гудинг-Џуниор (51) е обвинет уште од три други жени, чии поплаки датираат од 2008, 2013 и 2015 година. Сите случаи се како по шаблон, бидејќи сите се случиле во барови и ресторани во Менхетн.

Една од жртвите тврди и дека глумецот ја допрел непристојно одзади во хотел во Сохо, во 2018 година. Другата,пак, вели дека ѝ ја ставил раката под здолништето.

Адвокатот на холивудската ѕвезда, Марк Хелер, го потврди само првото обвинение против неговиот клиент, како и тоа дека досега се покренати обвиненија само за два случаја.

– За настанот од 2018 година сметаме дека тоа е единственото ново тврдење, додадено кон обвинението. Веруваме дека е целосно невистинито и воопшто нема да дојде до никаква казна, изјави Хелер.

Оскаровецот за филмот „Џери Мекгвајер“ беше и уапсен во јуни за посегнување кон 30-годишна жена, во пијана состојба, против нејзина волја. Гудинг-џуниор ги отфрли овие наводи, тврдејќи дека тој посегнал по нејзината рака, а не нејзините гради, како што тврди таа.

Би можело да ве интересира

Во пожарите во Австралија изгоре имотот на Расел Кроу

„Ве молам простете ми“…Никој не знае што се крие зад мистериозната молба на Ријана

Ана Ололовска

Шакира во депресија поради гласните жици, Пике ја запознал и мрачната страна на пејачката

Ана Ололовска

„Пипл“: Џон Леџенд е најсекси маж на годината

Ана Ололовска

ВИДЕО: Најжешката новосаѓанка облече кожени хеланки и го запали „Инстаграм“

Татјана Ташкова

Ким на снимање носеше џиновски дијамант кој и беше украден во Париз

Ана Ололовска