Нова серија со подобри првични оценки од Game of Thrones и Breaking Bad

Од:

Новата серија на HBO, Chernobyl веќе ја прогласуваат за една од најдобрите серии за годинава, а по само три епизоди (од вкупно пет), на IMDB веќе има подобри оценки и од светски популарните Game of Thrones и Breaking Bad.

Оцената изнесува 9,6 од 10, а серијата ги одушевува и критиката и публиката. Приказната е околу тоа како дошло до хаваријата во нуклеарната централа Чернобил во поранешна Советска Украина, ноќта на 25 кон 26 април 1986 година, како и последиците, но и заташкувањата што се случиле потоа.

„Chernobyl е ремек-дело. Ако не сте почнале да го гледате, морате, верувајте ми”, „Chernobyl е една од најстрашните серии кога било снимени, а сè тоа навистина се случило“ – се само дел од коментарите.

Чернобилската катастрофа е една од најголемите за кои е заслужен човекот. Погодени беа повеќе од 3,5 милиони луѓе, а 50.000 квадратни километри земја биле контаминирани.

Фактот што приказната е вистинита, се чини, е одговорен за високата гледаност и пофалбите.

Би можело да ве интересира

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата

Скорсезе снима нов филм за Исус кој нема да трае три часа: Се обидувам да ја доближам религијата до луѓето