Нова колекција облека на Кање Вест

Од:

Американскиот рапер Кање Вест на својата интернет-страница објави колекција по повод објавувањето на албумот „Donda“. Со натпис на одредени парчиња облека, тој ја објави и својата следна кандидатура за претседател на Соединетите Американски Држави.

Имено, новата колекција дизајнирана од модната куќа „Баленсијага“, содржи и маичка на која пишува „2024 година“, маица со фотографија од куќата на Донда Вест (мајката на Кање), качулка и капа. Цените се движат од 60 до 200 долари.

Во ноември лани, раперот напиша „Kање 2024“ на Твитер, навестувајќи ја кандидатураше за американски претседател. Тој веќе еднаш се кандидираше и успеа да освои само 60.000 гласа.

Албумот „Донда“ стана најслушаниот на сите стрим-платформи деновиве.

Се појавија и гласини дека музичката корпорација „Јуниверзал мјузик груп“ го издала албумот неодамна, без дозвола на Кање. Од корпорацијата велат дека таа неговата изјава е бесмислена. Многумина се сомневаат дека се работи за „маркетинг-трик“.

Би можело да ве интересира

Стоп на новата мода, некој треба да се уапси, доаѓаат најгрдите чизми

Предраг Петровиќ

Јапонија низ креации на македонски дизајнери – Алшар, Ивановски, Маригуча и Технолошкиот факултет со свои креации на Нихон-Џи 2.0

Ана Ололовска

Познатата манекенка се сликаше гола за Велигден: поради скандалозната фотографија ги исклучи коментарите, не можеше да ги поднесе навредите

Ана Ололовска

Поранешна манекенка колабираше на работа и почина – имаше само 25 години

Горан Наумовски

Најпознатите македонски модели блеснаа во комбинации од Fashion Group

Горан Наумовски

Ја исмеваа поради изгледот по породувањето: Адријана Лима брутално им одговори на критичарите со нова фотографија

Ана Ололовска