Нов луксузен комплекс близу Будва во Црна Гора

Црна Гора летово го отвора своето ново Ананти Ресорт, Резиденсес енд Бич Клаб одморалиште, сместено на само 10 минути возење од Будва.

Луксузниот хотел има и комплекс од осум вили и своја приватна плажа. Објектите, пак, имаат по три до четири спални соби од околу 500 квадратни метри, базен и широк поглед кон Јадранското Море.

Апартманите, пак, вкупно 14, се со површина до 114 квадратни метри. Дизајниран да ја нагласи убавината на природното опкружување и со ентериер инспириран од сето тоа, овој спектакуларен хотел ќе биде во совршена хармонија со околниот пејзаж.

Гостите ќе можат да уживаат и во приватни спа-бањи, вежбалници, џакузи, неколку соби за релаксација, тераси за ручек и скара…

Апартманите ќе чинат 440 долари за една вечер, а приватните вили – 1.600 долари.

Би можело да ве интересира

Вo Кина претставен аквариум висок над два километра

Ана Ололовска

Откриена желка што свети во мракот

Ана Ололовска

Што ако останете без пасошот во странство?

Куќа за еден долар близу езерото Комо

Ана Ололовска

Дубаи воведе бесплатна дозвола за купување алкохол

Ана Ололовска

Тиркизното езеро својата убава боја ја добива од отпад

Ана Ололовска