Нов игран филм за принцот Хари и Меган Маркл

Од:

По „сочното“ интервју на принцот Хари и Меган Маркл кај Опра Винфри, продукциската куќа „Лајфтајм“ го најави и својот трет игран филм за нивната романса.

По „Кралска романса“ (2018) и „Во кралските кругови“ (2019), сега следи и „Хари и Меган: Бегство од палатата“ („Harry & Meghan: Escaping the Palace“). Сите три филма се во телевизиски формат.

Третпат по ред режисер ќе биде Менхаџ Худа, а сценариото е на Скарлет Лејси. Филмот, меѓу другото, ќе ги истражува односите на Хари со принцот Вилијам, со принцот Чарлс, оние меѓу Меган и војвотката Кетрин Мидлтон итн.

Претходните два дела беа критикувани, од познавачи и оние кои го следат животот на британското кралско семејство, дека содржат одредени невистини како биографски филмови.

Би можело да ве интересира

Бакингемската палата со коментар за мемоарите на принцот Хари

Ана Ололовска

Принцот Хари ги пишува своите мемоари

Ана Ололовска

Принцот Хари и Меган Маркл ја добија ќерката Лилибет Дајана

Катерина Павлова-Николовска

За девет месеци, полицијата била девет пати кај принцот Хари и Меган Маркл

Ана Ололовска

Принцот Хари најде работа во компанија за животен тренинг и ментално здравје

Жарко Настоски

Приватен детектив бил најмен да ја истражува Меган Маркл

Ана Ололовска