Ноември – месец на науката

Од:

Во ТЦ „Скопје Сити мол“ денеска и утре како и во останатите викенди во ноември (11-ти и 12-ти, и 18-ти, 19-ти и 20-ти) ќе се одржува манифестацијата „Ноември – месец на науката“ која ќе опфати натпревари, експерименти, работилници, предавања и изложби за сите генерации.

Настанот првпат заедно ќе го организираат Друштвото на физичарите на Република Македонија, Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија, Друштвото на биолози на Република Македонија, Македонското астрономско друштво, Македонското географско друштво, Скопското астрономско друштво, Природно-математичкиот факултет и „Скопје сити мол“.

Во рамки на настанот ќе се одржи и 41. школа „Млади физичари“ на која учениците ќе се натпреваруваат во изработки, демонстрации и експерименти.

– Ќе бидат организирани креативни детски работилници каде најмалите ќе може на сосема поинаков начин да се запознаат со природните закони на науката. Како дел од месецот на науката ќе можат да се проследат и предавања на разни теми од сите научни области од научници од Македонија како и од гостите од странство. Покрај овие активности, низ „Скопје Сити мол“  ќе има и разни поставки  на кои  ќе бидат презентирани технички помагала и апарати, како и материјалите за работа на овие научни институции, соопшти организаторот.

Настанот ќе изобилува со многу активности, а изложбите и натпреварите во изработки, демонстрации, експерименти, симулации и модели се од отворен тип и може да ги посети секој што е заинтересиран. Програмата на „Ноември – месец на науката“ е објавена на www.skopjecitymall.mk/nauka.

Би можело да ве интересира

Кривичен суд: Граѓаните имаат право да протестираат, но пресудата за сообраќајката кај „Сити мол“ не е правосилна, подлежи на проверки

А1он

Редици во „Сити Мол“, попустите поважни од мерките против коронавирусот

А1он

„Сити мол“ ги отвори вратите, граѓаните со заштитни маски навалија во дуќаните

Горјан Грнчаровски

Едукативни филмски работилници за деца

Ана Ололовска

Креативна работилница „Обединети против насилството“

Ана Ололовска

Креативна работилница „Заедно за иста цел“ во Куманово

Ана Ололовска