Њујорк се враќа во живот со бесплатен концерт

Од:

Њујорк утре ќе го прослави излегувањето од тешкиот период на пандемијата со коронавирусот, со бесплатен концерт во Централ Парк.

– Го отвораме Њујорк за остатокот од светот, а музиката ќе биде катализатор!, изјави продуцентот Клајв Дејвис, кој го организираше настанот, заедно со компанијата „Жива нација“ (Live Nation).

Настанот под наслов „Ние го сакаме Њујорк: Концерт за враќање дома“ ќе содржи од класична до рап-музика, а меѓу изведувачите се Брус Спрингстин, Бери Манилоу, Андреја Бочели, „Килерс“, Пети Смит, Пол Симон и Њујоршката филхармонија. Концертот е поддржан од градоначалникот Бил де Блазио и има за цел да ја прослави издржливоста на Њујорк, еден од најтешко погодените градови во САД од почетокот на пандемијата во 2020 година.

– Ова е прослава на нашиот град, на секое работничко семејство што се соочи со неверојатни предизвици лани и ги надмина, нагласи Де Блазио.

Се очекува концертот да привлече околу 60.000 луѓе, а ќе биде и директно пренесуван на кабелскиот канал на Си-ен-ен. Потребна е потврда за најмалку една примена доза вакцина или негативен тест за коронавирус за влез и присуство на концертот.

Би можело да ве интересира

Градоначалникот на Њујорк обвинет за сексуален напад

ВИДЕО: Еден мртов и петмина ранети во метро во Њујорк, се истепаа тинејџери

Во Њујорк: Десет вагони на товарен воз излетаа од шините

Трамп во судница во Њујорк: Имаме ситуација каде што сум невин, судијата не ме слуша зошто му е досадно

А1он

Паника во Њујорк: Одекнаа повеќе експлозии

Градоначалникот на Њујорк обвинет за сексуален напад: „Воопшто не се сеќавам на таа жена“

Катерина Ѓуровски