Николас Кејџ добил 20.000 долари на коцка и ги дал во хуманитарни цели

Од:

Во заеднички интернет-разговор за порталот „Интервју“, Николас Кејџ му се пофали на металецот Мерилин Менсон, оти во една прилика, со 200 негови долари добил 20.000 долари на коцка и сите ги подарил во хуманитарни цели.

– Последниот пат кога се коцкав беше пред околу 30 години… Бев на Бахамите, па влегов во едно казино и се чувствував како да „ја имам силата во мене“ – како ништо да не може да тргне наопаку… Мојата игра беше рулетот. Влегов со 200 долари и не утнав бројка. Дури и дамата што го врти тркалото рече: „Ништо послатко од повторувач“. За 20 минути претворив 200 долари во 20.000 долари, па излегов и најдов сиропиталиште на Бахамите, ги запознав сите деца и директорката и им реков: „Ова е за вас…“ Ѝ ги ставив 20-те „илјадарки“ во нејзината рака (на директорката), си отидов и никогаш повеќе не се коцкав, бидејќи ако продолжев, тоа ќе ја уништеше моќта на токму тој миг!, раскажува глумецот.

Николас Кејџ – генијалец во коцкање и добротвор – дали тоа е точно? Никој не знае со сигурност, но како што гласи еден од коментарите на гледачите потоа – „доволно е откачено“ за да биде вистина.

Оваа година, обожавателите ќе можат да го погледнат Кејџ во акциониот филм „Џиу џицу“, чиешто прво прикажување е најавено за следниот месец.

Би можело да ве интересира

Џони Деп го изгуби спорот за клевета со британски „Сан“ и ќе треба да плати 840.000 долари судски трошоци

Ана Ололовска

Курт Расел сака да се пензионира

Ана Ололовска

Марк Руфало како татко на Рајан Рејнолдс во научнофантастичен филм

Жарко Настоски

Џорџ Клуни раскажа како и зошто им дал по милион долари на 14 најблиски пријатели

Ана Ололовска

Конан О’Брајан се повлекува од „вечерните“ ТВ-шоуа

Ана Ололовска

Доли Партон донира милион долари за развој на вакцина

Ана Ололовска