Невообичаено: Се истопија две милијарди тони мраз за 24 часа

Од:

Повеќе од 40 отсто гренландски мраз имал одреден степен на топење. Вкупното топење во текот на саботата се проценува на две милијарди тони, односно два кубни километри леден покривач, објави американската телевизиска мрежа Си Ен Ен.

Иако Грендланд е најголем остров на светот со големо количество мраз, многу е невообичаено толку многу мраз да се истопи во јуни. Сезоната на топење трае од јуни до август, а најголем дел се топи во јули.

Томас Мот, научник од Универзитетот во Џорџија, специјализиран за климата на Грендланд, изјави дека ненадејното зголемување во топењето мраз е невообичаено, но не е без преседан.

– Тоа може да се спореди со она што го забележивме во јуни 2012 година, истакна Мот, потсетувајќи дека тоа беше рекордна година кога целиот леден прекривач на Грендланд имаше одреден степен на топење, што се случило првпат откако се води евиденција.

Би можело да ве интересира

Земјата соборува глобални рекорди за топлина десетти месец по ред

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

ОН: Озонската обвивка постепено се обновува

Ана Ололовска

Денеска почнува зимата

Ана Ололовска

ЕСА разгледува можност за пренос на енергија од вселената на Земјата

А1он

Научна студија: Никаде на Земјата дождовницата не може да се пие

Ана Ололовска