Непрепознатливоста на Ева Херцигова на црвениот тепих во Кан

Од:

Во деведесетите години од минатиот век Ева Херцигова беше едно од најбараните лица во светот на моделингот, а денеска ретко кој би ја препознал.

Чешката манекенка Ева Херцигова ретко се појавува во јавноста, за разлика од своите колешки Наоми Кемпбел и Синди Крафорд.

И додека нејзините некогашни сопарнички во светот на модата, на неодамна одржаните музички и филмски фестивали покажаа беспрекорен изглед, Ева изненади со своето последно појавување.

Поранешниот топ модел го посети Кан, а на гламурозниот црвен тепих се појави во тесен црн фустан, со детали со точки.

Иако нејзината линија и натаму е витка, Херцигова покажа уморно и испиено лице, како и пепеласта боја на тенот, која нејзиниот изглед го направи постар, до ниво на непрепознатливост.

Заради ова издание таа доби негативни критики, па многумина се запрашаа: Каде исчезна некогашната убавица?

Би можело да ве интересира

Ќерката на Синди Крафорд го освојува светот на модата

Ана Ололовска

ВИДЕО: Дете модел прошета по модна писта во Њујорк со две вештачки нозе

Ана Ололовска

Почина модниот фотограф Петер Линдберг

Ана Ололовска

Клаудија Шифер се сликаше гола

Ирина Шајк – најпопуларната бикини-манекенка за ова лето

Ана Ололовска

„Гучи“ ја воведува вештачката интелигенција во модата

Ана Ололовска