Ненси Синатра повика да бидат стрелани членовите на НРА

Од:

Ненси Синатра, ќерка на легендарниот пејач Френк Синатра, предизвика бура од реакции со нејзиниот коментар дека членовите на Американската асоцијација за оружје (НРА) треба да бидат стрелани.

Реакцијата на Ненси Синатра дојде по масакрот во Лас Вегас, каде 59 лица беа убиени, а над 500 беа ранети од страна на напаѓач вооружен со автоматско оружје.

Синатра пораката ја објави на социјалната мрежа Твитер, по што веднаш се соочи со остри реакции и ја избриша пораката.

НРА е водечка организација на сопствениците на оружје во САД, која политички дејствува за да го поддржи правото на граѓаните да купуваат пушки и пиштоли, во согласност со Вториот амандман на Уставот на САД. По секој масовен вооружен напад, НРА се соочува со бура од критики и обвинувања дека го блокира усвојувањето на нови закони со кои би се ограничил пристапот до оружје.

Ненси Синатра ја избриша пораката, за подоцна да појасни дека сакала да каже дека само убијците кои се членови на НРА би требало да бидат стрелани. Синатра воедно напиша дека секој политичар кој прима пари од НРА има крв на рацете.

НРА има над четири милиони членови, и иако донира релативно малку пари во американските предизборни кампањи, бројноста на нејзиното членство е влијателен фактор и може да биде пресудна за резултатот на трките во голем број изборни единици на Конгресот. НРА го поддржа претседателот Доналд Трамп на последните избори и тврдеше дека евентуална победа на Хилари Клинтон може да доведе до обиди за конфискување на оружјето.

Би можело да ве интересира

Лас Вегас: Три жени се пронајдени мртви во два одвоени апартмани, осомничениот е убиен

Горан Наумовски

ВИДЕО: Збеснат криминалец ја прескокна клупата и ја истепа судијката

Катерина Ѓуровски

Хакери го нападнаа Лас Вегас

„Мафијашкото“ езеро кај Лас Вегас се повлекува поради сушата, се појавуваат тела

(ВИДЕО) Четворица загинати при судир на два авиона во Лас Вегас

Горан Наумовски

Почина и Зигфрид од славниот магионичарски двоец „Зигфрид и Рој“

Жарко Настоски