Неколку совети за природна заштита од комарците

Од:

За „одбрана“ против летните напади од комарци, има и природни начини. Порталот „Н1“ објави неколку од нив…

Лукот има неколку својства на одбивање комарци. За да се испроба овој метод, се гмечат неколку чешниња и потоа се варат во вода. Се истура растворот во шише со распрскувач и се попрскува низ собата, гаражата итн. Комарците ќе исчезнат за неколку минути, а и мирисот на лук многу брзо ќе испари, така што нема потреба од никаква грижа.

Маслото од лаванда има мирис што комарците не го поднесуваат. Значи, само испрскајте низ домот, а може и на телото, па комарците ќе избегаат.

И талогот од кафе може да помогне – онаму каде што има застоена вода. Тоа е едно од вообичаено место за размножување на комарците, а сè што треба да се направи е да се истури малку талог од кафе во старата вода. Јајцата на комарците така ќе излезат на површината и ќе угинат.

Нането, исто така, помага. Само поставете свежо масло од нане, или пак, свежо набрано како растенија, некаде во домот, па комарците ќе исчезнат.

Комарците, исто, не толерираат мирис на пиво и друг вид алкохол. Се става чаша пиво или некој друг алкохол во собата и комарците ќе ги снема сами по себе.

Би можело да ве интересира

Полза и придобивки од црешата

Ана Ололовска

Постелата лете треба да се пере еднаш до двапати седмично

Ана Ололовска

Истражување: Кафето е корисно за црниот дроб

Ана Ололовска

Водата е најсилно оружје против жештините

Ана Ололовска

Пиењето кафе лошо влијае на бременоста

Ана Ололовска

Како вежбањето влијае на мозокот?

Ана Ололовска