Неколку производи за помлад изглед

Од:

Исхраната многу влијае на здравјето на луѓето, но освен од внатре таа дејствува и на надворешниот изглед.

Стравувањата од големи здравствени проблеми можат да се решат без многу мака со добар избор на производи.

– Исхраната директно влијае на вашиот секојдневен изглед и игра клучна улога во тоа како ќе стареете, изјави докторот Џошуа Цајхнер, додавајќи дека паметниот пристап вклучува хранливи материи, минерали и заситени киселини, како и антиоксиданси кои го штитат вашето тело од стресот околу нас.

Лубеницата е богата со ликопен, „антиоксидант кој на лубеницита и доматот им дава црвена боја и и помага на кожата во одбивање на УВ оштетувањето, смета нутриционистот Кери Гласмен.

Семките од шипинката се извор на антиоксиданти како што е витаминот Ц, кој спречува појава на брчки и сува кожа. Освен тоа шипинката соддржи и антоцијан кој го зголемува производството на колаген и киселини кои ги намалуваат воспалителните процеси предизвикани од  УВ оштетувањето.

Кафето има биоактивни состојки кои ја штитат кожата од меланом.

Боровницата ја храни кожата со витамините Ц и Е, кои се два антиоксиданти што ја разубавуваат кожата и се борат против оштетување предизвикани од слободните радикали.

Ноктите се состојат од белковини, па поради недостаток би можело да имате проблем со кршење. Јајцата се добар извор на витамин Б комплекс кој ги метаболира аминокиселините кои влегуваат во составот на белковини.

Оревите содржат Омега-3 масни киселини и витамин Е кои вашата природна боја на коса ја прават побогата и пожива.

Дињата содржи бета каротен или витамин А, за кои се верува дека го регулираат растот на косата, се спречува затворањето на порите и не се создава првут.

Би можело да ве интересира

Дваесет земји во кои живеат најубавите девојки

Ана Ололовска

ФОТО: Има 70 години, а изгледа двојно помладо

Ана Ололовска

ФОТО: Бизарни и болни начини за разубавување на старите холивудски диви

Ана Ололовска

Десет особини на „убавите“ жени

Ана Ололовска

Англиската манекенка Роузи Хантингтон-Вајтли откри како ја негува кожата

Ана Ололовска

Дали знаете за правилото за убавина „5,7 сантиметри“?

Ана Ололовска

Leave a Comment

4 × two =