Некогашна фабрика трансформирано во модерен дом

Од:

Студиото „Ендрју Симпсон Архитекст“ изврши трансформација на еден индустриски објект од 19-от век во модерен семен дом.

Куќа Австралија 2

Објектот, што се наоѓа во австралискиот град Западен Фицрој, бил изграден како фабрика за џем, потоа во него бил сместен погон за производство на газирана вода, а на крајот и една рекламна агенција. Сега, конечно објектот го купило едно семејство и го претворило во свој дом.

Куќа Австралија 4

По трансфорамцијата, двокатната градба со вкупна површина од 437 метри квадратни, има две идентични одвоени станбени единици, со посебни влезни врати, во кои живеат различни членови на истото семејство. На призмејето се сместени просториите за дневен престој и голема бања, додека на катот се наоѓаат спаланите соби и мал тоалет.

Куќа Австралија 6

Ѕидовите од тули и видливите дрвени греди му дваат оригиналност на чистиот и современ дизајн на куќата, а оперативни прозорци поставени на покривот овозможуваат влез на големо количество дневна светлина.

Куќа Австралија 3

Во ентериерот на домот доминира белата боја со акценти на сиви нијанси, што на целиот простор му два чувство на поголема пространост.

Би можело да ве интересира

Мет Дејмон продаде имот во Лос Анџелес за 18 милиони долари

Ана Ололовска

Се изнајмува стан уреден во стилот на „Кери Бредшо“

Ана Ололовска

Алиша Кис го покажа својот нов луксузен дом

Ана Ололовска

Стан-гаража во Загреб го привлече вниманието на многумина

Ана Ололовска

Мерилин Менсон ја продава вилата во Лос Анџелес за 1,75 милиона долари

Ана Ололовска

Нина Добрев го покажа својот реновиран дом во САД

Ана Ололовска