Не чувајте го мобилниот телефон во задниот џеб

Од:

Луѓето најчесто го чуваат мобилниот телефон во задниот џеб од панталоните, што е погрешно, зашто тие уреди и онака имаат екрани чувствителни на допир, но и на удари, па лесно може да се случи и нешто непланирано… На пример, да ви се скрши или да ви испадне и да го изгубите.

Исто така не се препорачува ниту да го држите предолго на кожата, оти самата негова површина содржи бактерии кои може да предизвикаат акни и други кожни болести.

Високите температури се штетни за електронските уреди. Не оставајте го телефонот во автомобилот или на плажа, изложен на сонце или некој друг извор на топлина. Слично и ако температурите се под нула – тогаш, пак, може да замрзне.

Не чувајте го телефонот ниту под перница. Покрај штетното зрачење, стручните лица тврдат дека и ненадејното и често светкање на екранот ноќе негативно влијае на лачењето мелатонин, како и на квалитетот на сонот.

Би можело да ве интересира

Колку добро го познаваме нашето срце

Предраг Петровиќ

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска