Навиките при туширање говорат за карактерот на човекот

Од:

Делот од телото со кој го почнува туширањето, кажува многу за човекот, за неговиот карактер и навики, објави порталот „Брајтсајд“, посочувајќи конкретна листа со делови од телото и што тие говорат.

Доколку туширањето го почнувате со миење на лицето, тоа значи дека Вам ви е особено важна негата на сетилата (за мирис, вкус, вид, слух и допир), но и важно ви е што другите луѓе говорат за Вас. Честопати сте анксиозни, фрустрирани и под стрес. Тешко ви паѓаат лошите гласини кои ги слушате за себе.

Ако пак, прво ги триете рацете и нозете, веројатно сте приземна и скромна личност на која и е важна пред сѐ, сопствената сила. А, ако почнувате со пазувите, најверојатно ве красат особини на популарна, самоуверена, вредна и работлива личност.

Ако туширањето го почнувате со интимните делови од телото, Вие сте повлечена и затворена личност, со ниска самодоверба. Прилично сте незабележливи во околината, но оние кои ве познаваат, знаат дека сте искрени и се чувствуваат убаво во Ваше друштво.

Доколку вниманието најпрво им го посветувате на градите, Вие сте самоуверена, самозадоволна, пракична, одлучна и самостојна личност.

Косата како приоритет, е знак за ред и дисциплина. Почнувајќи „од врвот“ покажувате дека сте практични и знаете да управувате со своето време.

Најпедантните луѓе, пак, прво ги мијат вратот и рамењата, кои се симбол на товарот што го носат. Вие сте амбициозни, со натпреварувачки дух, а истото го очекувате и од другите.

Поради чувствителноста на ’рбетот и нервниот систем, грбот симболизира самосвест и трезвеност. Не верувате во сѐ што ќе чуете, туку прво проверувате и преиспитувате.

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ