Научно докажано: Стресот навистина може да ја обели косата

Од:

Во новата студија која била објавена во научното списание Naturе, докторката Хсу и нејзиниот тим соопштиле дека процесот на белеење на косата започнува од симпатетичкиот нервен систем. Имено, истиот ги оркестрира сите критични телесни процеси во кои човекот никогаш не размислува како што се процесите поврзани со чукање на срцето, дишењето како и дигестивните процеси внатре во организмот и борењето против микробите.

Системот со кој нашето тело функционира понекогаш дејствува автопилотски, па затоа ни помага да ги препознаеме и да реагираме на заканите дури и пред навистина да имаме време да размислиме за да ги процесираме. Симпатичкиот нервен систем е во тесна поврзаност со нашиот одговор на стресот, така што во тој поглед не е воопшто изненадувачки што има поврзаност со белеењето на косата. Но реакцијата на симпатетичкиот нервен систем спрема стресот е генерално последното средство кое се активира во тешки ситуации кога другите системи се преспори или не работат.

Енергијата се троши и во ситуации на автопилотски режим на организмот, но најмногу кога нашиот организам е под стрес, истакнува докторката Хсу. Докторката се сомневала дека ако стресот навистина ја обелува косата, тогаш тоа мора да биде поврзано со имунолошкиот систем преку ослободување на клетките кои ги напаѓаат  директно другите клетки задолжени за создавање на бојата на косата лоцирани во фоликулот или преку ослободување на стрес хормоните како што е кортизолот од надбубрежните жлезди.

Докторката направила експеримент така што хемиски предизвикала стрес кај глувците инјектирајќи го соединението ресинфератоксин, кое го зголемило нивото на хормонот на стрес кај животните, овој метод, во науката е потврден и проверен исто како и кај стратегијата за промената на светлината во просториите. Непосредно по добивање на ресинфератоксин кој иницирал стрес, докторката забележала обелување на нивното крзно.  Во такви ситуации тимот на Хсу забележал дека има рапидно зголемена активност на симпатетичкиот нервен систем кој на некој начин се бори со стресот, но истиот би можел трајно да ја исцрпи целокупната база на матични клетки.

Докторката открила дека дури и за време на нормален стрес, симпатетичкиот нервен систем е активен и го произведува реактот норепинефрин кој доведува до зголемена мускулна контракција, вклучително и во срцето.  Како одговор на тој реактив и зголемената активност на меланоцитите, на крајот резервоарот за создавање на боја пресушува и повеќе не е во можност да создава пигмент.

Ваквите откритија не потсетуваат дека стресот има широко распространети негативни ефекти врз нашето тело. „Стресот е неизбежен дел од современиот живот, но ние многу малку разбираме  за неговото штетно влијание, вели Хсу додавајќи  дека во моментов нема достапен медицински третман на располагање за превенција, затоа ќе имаме уште многу работа во оваа област“.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска