Научници од 30 држави ги открија причините за речиси сите видови на рак

Од:

Научници успејаа ја „дешифрираат“ генетската информација за 38 видови на канцерогени клетки, објави “Би-Би-Си”.

Големото истражување, во кое учествуваа 1.300 генетичари од над 30 земји во светот, е наречено „Комплетна геномска анализа на сите видови рак“.

Според научниците, благодарение на резултатите, лекарите веќе можат да го дијагностицираат ракот во рана фаза на развој.

Лекувањето на малигните тумори ќе биде поефикасно и пациентите ќе имаат поголема веројатност да се опорават.

Претходно беше утврдено дека појавата на ракот е мутација во ДНК.

Прашањето беше каде и зошто се појавува „грешката“ во генетскиот код, што доведува до развој на туморот.

За време на студијата, научниците успеале да откријат каде точно се наоѓаат главните мутации.

Сега тие можат да го наведат нивниот точен број.

Научниците, исто така, откриле и дека развојот на некои видови карциноми може да почне да се појавува десет години пред дијагностицирањето.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Срамота е, на онкологија нема доктори, а овие млади чекаат работа“: Поддршка од граѓани за специјализантите

Орце Костов

(ВИДЕО) Немаме партиски, имаме крводарителски книшки: Специјализантите штрајкуваат и чекаат одлука на Влада

Орце Костов

Штрајк на приватните специјализанти: Работиме 24 часа за 26.000 денари, а немаме ниту здравствено

Орце Костов

Лекарска Комора: Неопходно е докторите да се чуствуваат безбедно за да може да лекуваат

Орце Костов

Март – национален месец за подигање на свеста за рак на дебело црево

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он