Научници: Луѓето не стануваат возрасни до 30-те години

Од:

Научниците тврдат дека е тешко да се дефинира кога точно некој човек станува возрасен. Истражувањата покажуваат дека луѓето не стануваат целосно „возразни“ до 30-те години.

Научниците кои се занимаваат со истражување на мозокот и нервниот систем, сметаат дека возраста во која некој станува возрасен е индивидуална.

Истражување покажува дека мозокот на 18-годишник и понатаму минува низ промени, кои можат да влијаат на однесувањето и кои ја зголемуваат веројатноста за развој на менталните нарушувања.

– Сметаме дека е апсурдно да се дефинираат годините кога лицето преминува од детство во возрасен период. Тоа е повеќе транзиција која се одвива во текот на три децении, истакнува професорот Питер Џонс од Кембриџ.

Тој претпоставува дека таквите дефиниции се поволни за образовниот, здравствениот и правниот систем.

Кога лицето ќе наполни 18 години може да гласа, да купува алкохол, да склучува брак, а полицијата кон него се однесува како кон возрасен.

Без разлика на тоа, професорот Џонс наведува дека верува оти судиите со искуство прават разлика меѓу обвинет 19-годишник и „криминалец“ во доцни 30-ти години.

– Не се преминува директно од детство во возрасен период. Тоа е патување кое трае, додава Џонс.

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ