Научници го пронајдоа најчистиот воздух во светот

Од:

Научници од Универзитетот на Колорадо, веруваат дека го пронашле најчистиот воздух во светот, без честички произведени од човечка активност. Подрачјето се наоѓа над Јужниот Океан околу Антарктикот.

Во првиот научен труд за биоаеросолниот состав на тој океан, истражувачите од Универзитетот откриваат атмосферска област што едноставно не е чепната од човекот.

Времето и климата се тесно поврзани и го поврзуваат секој дел од светот. Климата се менува брзо како резултат на човековите активности, па научниците и истражувачите веќе некое време се трудат да најдат катче на Земјата што не е зафатено од луѓето.

Тоа се наоѓа кај воздухот од граничниот слој којшто ги храни долните облаци над Јужниот Океан. Таму нема аеросолни честички создадени со човечка активност, како што е горење фосилни горива, садење земјоделски култури, производство на ѓубрива, отпадни води, или пак, сообраќајот.

Би можело да ве интересира

Земјата соочена со магнетна бура

Ана Ололовска

Земјата од 1994 година изгубила 28 трилиони тони мраз

Ана Ололовска

ВИДЕО: Крај Земјата мина астероид, најблиску досега

Ана Ололовска

Мистериозна магнетна аномалија над Земјата

Ана Ололовска

Преку 100 организации низ целиот свет бараат ново човеково право – на здрава Планета

Ана Ололовска

Поларните мечки ќе исчезнат до 2100 година

Ана Ололовска