Наскоро ќе може да се слушнат првите звуци од Марс

Од:

НАСА во 2020 година на Марс ќе испрати нов ровер “2020 Марс“. Станува збор за наследник на возилото Кјуросити кое моментално врши оперативни научни задачи на површината на Црвената планета.

Новиот ровер на Марс ќе слета во 2021 година со задача да пронајде докази за некогашни или сегашни облици на живот, а со себе ќе носи и микрофон.

Микрофони и порано беа испратени на Марс, но не работеа. Првиот беше испратен во рамки на мисијата Марс Полар во 2998 година, но беше уништен при падот на леталото. Вториот микрофон беше на леталото Феникс во 2008 година, но не можеше да биде уклучен поради расипаната електроника.

Роверот “2020 Марс“ со себе ќе носи два микрофона-првиот ќе ги снима звуците при влезот во атмосферата, а вториот на површината на планетата.

Би можело да ве интересира

Роверот сними необични облаци на Марс

Предраг Петровиќ

Руско-европската мисија на Марс прекината поради војната во Украина

А1он

Од бурите со прав испарува водата на Марс

Ана Ололовска

„Упорност“ се подготвува го земе првиот примерок од карпа на Марс

Ана Ололовска

Кинескиот ровер ги испрати првите слики од Марс

Ана Ололовска

ВИДЕО: Кинески ровер успешно слета на Марс

Ана Ололовска