НАСА со нови откритија за месечината Енцелад на Сатурн, постојат услови за живот

Од:

Во моментов е во тек прес конференција на НАСА на која се претставуваат најновите откритија од нашиот Сончев систем.

Според новите откритија, НАСА верува дека е можно постоење на живот на некои од месечините на Сатурн. Месечината Енцелад, шестата по големина месечина на Сатурн, според најновите откритија има потенцијал за настанување на живот.

На ледениот Енцеланд се наоѓа подповршински океан во кој што се одвиваат различни хидротермални активности. Овие активности се причина за исфрлање на водена пареа и парчиња мраз од океанот на површината.

Научниците сметаат дека постоењето на вода во течна состојба е клучно за опстанок на животински свет, а најновите резултати од истражувањето, објавено на конференцијата, покажале дека Енцелад под ледената површина е потопол од тоа што се претпоставувало.

Иако според претходните информации, ледената површина на јужниот пол на Енцелад била дебела околу 18-22 километри, нови податоци покажуваат дека воденото пространство на јужниот пол може да се наоѓа на само 5 километри под покривката.

Зголемената температура е поизразена во три појаси кои наликуваат на тигрести шари, во кои се најизразени хидротермалните активности, иако се чини дека оваа област во моментов не е активна.

Заклучокот е дека на површината избиваат млазови пареа кои содржат водород, а познато е дека овој елемент претставува главен извор на енергија на микробите и на земјата му овозможува опстанок на цели екосистеми.

Млазевите врела води кои што избиваат од пукнатините на дното на океанот, стапуваат во реакција со околните карпи, а како последица настануваат големи количини на водород. Гасот потоа се испушта низ ледената покривка во вселената, а освен водород, во траговите се пронајдени и амоњак, метан и јаглерод-диоксид.

„Температурите во близина на овие три неактивни подрачја значително се поголеми во однос на тие околу нив. Во идните мисии ќе се обидеме да отркиеме каков е навистина топлиот океан на Енцалад на јужниот пол и дали таму навистина може да еволуира живот“ изјави истражувачката Линда Спилкер од НАСА.

Енцелад, е откриен во 1789. година, а името го добил по гигантот Енцелад од грчката митологија.

НАСА во 2006. година објавија дека на фотографиите од месечината кои што биле направени од сондата Касини се отриени гејзери на течна вода, а подоцна е откриено дека под површината на јужниот пол најверојатно се наоѓа океан длабок околу 10 километри.

Би можело да ве интересира

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лансирана најголемата ракета во историјата: полета, па набрзо експлодира и потполно се распадна

Ана Ололовска

Научниците открија повторлив радио сигнал од планета со големина на Земјата