НАСА објави фотогафија од падот на израелскиот слетувач на Месечината

Од:

Американската вселенска агенција НАСА објави фотографии од местото на падот на израелскиот Бершит месечев слетувач, на коишто се гледа темна дамка. Леталото се урна на Месечината минатиот месец.

Црно-белите фотографии прикажуваат како изгледа местото пред и по падот на слетувачот. На тоа место на 11 април годинава, поради дефект на моторот, неуспешно заврши првата мисија на израелската организација Спејс-ИЛ.

Од НАСА со својот Лунарен извиднички орбитер (ЛРО) ги снимиле фотографиите на 22 април, 11 дена по уривањето. Сателитот кружи на само 90 километри над месечевата површина.

Темната дамка широка околу десет метри ја немало на фотографиите од истата локација од лани.

Би можело да ве интересира

Лендерот SLIM преживеа -130 степени и испрати фотографија од Месечината

ВИДЕО: Американците се вратија на Месечината

Катерина Ѓуровски

Јапонците испишаа историја: Слим слета на Месечината и оствари контакт

А1он

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

(ВИДЕО) НАСА објави голем извештај за НЛО: „Ова е една од најголемите мистерии“

Најмоќниот телескоп на НАСА можеби открил знаци на живот на далечна планета

Катерина Ѓуровски