НАСА го одбира теренското возило за Месечината

Од:

НАСА објави дека е во потрага по план, концепт и конструктор за теренско возило што ќе биде испратено на Месечината.

„Вселенската агенција е во потрага по концепт за роботски движечки систем преку кој може да се превезуваат инструменти на Месечината, во полза на научните истражувања на нејзината територија, вклучително и области надвор од пристапот на човекот, како што е Северниот Пол (на Месечината)“, се вели во објавата.

Рокот за пријава на конкурсот е 6 март, а неколку дена подоцна ќе биде објавено кој конструктор го има најповолниот предлог за автомобил.

– Бараме понуди од автомобилската индустрија, за теренски возила, за електромобили, но и вселенската индустрија не е исклучена. Бараме ровер за на Месечината, што ќе биде електричен, самоуправувачки и отпорен на екстремно опкружување, нагласи Маршал Смит, раководител на програмата за претстојната мисија на Месечината која ќе вклучува човечки екипаж.

Поусовршената подвижност на Месечината е дел од програмата Артемис, чие реализирање е предвидено за 2040-тите.

Би можело да ве интересира

НАСА распиша конкурс за вработување на астронаути

Ана Ололовска

(ВИДЕО) НАСА: Вo сабота Земјата ќе биде изложена на сериозна закана од Вселената

Драган Поповски

Кристина Кох по шестмесечна експедиција во космосот се врати на земјата

А1он

Конкурс на НАСА за името на новиот истражувачки ровер

Ана Ололовска

Систем за производство на кислород од Месечева прашина

Ана Ололовска

НАСА: Чадот од Австралија направи круг околу светот

А1он