Намирници кои ќе ви помогнат да го победите хроничниот умор

Од:

Во моменти кога нивото на енергија драматично почнува да паѓа, концентрацијата станува послаба и почнувате да се чувствувате непријатно и раздразливо има неколку намирници кои ќе ви помогнат за кратко време.

Зелен чај:

Зелениот чај е одличен извор на витамини и антиоксиданти. Го подобрува расположението и концентрацијата, а го намалува нивото на стрес.

Банани:

Бананите се одличен извор на електролити, влакна, омега 3 и 6 масни киселини. За бананите е познато дека за кратко време го подигнуваат нивото на енергија.

Вода:

Дехидрацијата е една од водечките причини за хроничен умор. Во моментите кога чувствувате дека вашата концентрација и нивото на енергија почнуваат да опаѓаат, напијте се една чаша вода.

Јогурт:

Јогуртните пробиотици можат да го стимулираат дигестивниот систем, да го подобрат расположението и да ги зголемат нивоата на енергија.

Би можело да ве интересира

Совети за изгореници од сонце

Ана Ололовска

На жените просечно им недостасуваат три часа сон

Ана Ололовска

Проблеми што може да ги предизвика силиконот во градите

Ана Ололовска

Истражување: Мачињата и кучињата го убиваат стресот

Ана Ололовска

Лошиот шеф е штетен по здравјето

Ана Ололовска

Црното чоколадо нè прави поенергични и попродуктивни

Ана Ололовска