Најубавите плажи во Црна Гора

Од:

Краљичина плажа

Сигурно една од најубавите на Јадранот, а воедно и една од најконтроверзните, затоа што скоро една деценија е затворена за јавноста. Плажата стана привилегија за луѓето од џет-сетот и политичкиот естаблишмент на Црна Гора. Краљичина плажа е скриена во шума од бор и маслинови дрва и со право го носи епитетот „недопирлива“.

Долга 120 метри, Краљичина плажа го добила името по Марија Караџорѓевиќ, југословенска кралица, која сакала да одмара на оваа плажа.

За жал оваа плажа со прекрасен песок и бисерно чисто море, денеска е затворена за јавноста.

 

Кралска или голема милочерска плажа
Ништо помалку ексклузивна не е и големата милочерска плажа, попозната како Кралска плажа, која се наоѓа кај хотелот „Вила Милочер“.

Оваа плажа која по своите природни убавини не заостанува зад помалата милочерска плажа, се наоѓа на средината на паркот Милочер, кој претставува вистински споменик на природата.

Со ретки билки кои се од сите краишта на светот донесени и садени во овој парк, Кралската плажа претставува вистински природен експонат.

Влезот на оваа плажа е делумно слободен. Ако сакате да се одмарате тука, задоволството ќе ве чини 75евра.

 

Каменово

Ако за некоја плажа може да се рече дека е „фенси“, односно дека треба да се поминат повеќе саати за да се биде виден, тогаш тоа е сигурно Каменово.

Сместена е под Јадранската магистрала, оваа плажа, долга 330 метри, преку лето станува место за дневен одмор и пред се за забава.

Неколку кафулиња, спортско рекреативни терени, одлична музика од сите страни и многу млади луѓе е слика за Каменово, во шпицот на сезоната.

Могрен

Заштитниот знак на Будва и плажа која со право го носи епитетот скапоцен камен на црногорското крајбрежје, всушност е поделена на два дела. Плажите Могрен 1 и 2 претставуваат најпоуларна градска плажа во центарот на туризмот во Црна Гора.

Скоро и да нема рекламен материјал каде нема слики од овие плажи. Да бидеш на Могрен, значи да бидеш во центарот на случувањето. Факт е дека до плажата се стигнува преку тесна камена пешачка стаза над која се издигнуваат карпи, но на плажата тоа му дава дополнителен шмек.

За жал, плажата која беше позната по несекојдневниот скоро бел песок, денеска се соочува со ерозија, која во последните три децении, откако е изградена Јадранската магистрала, ја преполови Могрен.

Бечичи

Плажата на Бечичи е една од најубавите и најдолгите плажи на јужниот дел од Јадранот. Песочна, долга 1950 метри, ова е официјално единствена црногроска плажа која за својата убавина добила и награда.

Во далечната 1935. година во Париз е прогласена за најубава плажа во Европа.

Ова е исто така и плажата на која се изградени најмногу елитни хотели на Јадранот.

Има неколку плажни барови кои организираат целодневна забава, па затоа е и едно од омилените места за младите.


Лучице

Прекрасен предел за капење, кој и покрај големата посетеност, останал нечепнат. Лучице и денеска се природен експонат на петровачкото крајбрежје.

Малата плажа, долга 220 метри, претставува омилено место, за туристите кои го посетуваат овој дел од будванската ривиера.

 

Барска краљичина

Ако ви се посреќи, најдете некаков чамец, глисер или јахта да ве однесе неколку километри северозападно од пристаништето во Бар, ќе ве дочека глетка која ќе ве остави без здив. Краљичина плажа покрај Чањ, е една од најатрактивните плажи, достапна само преку вода. Долга е стотина метри и е покриена со најфин песок.

Оваа плажа била изборот и на Кралицата Милена, жената на црногорскиот крал Никола, кога доаѓала во Бар.

 

Голема плажа

Скоро во недоглед се простира 12 километарската плажа со најубав песок, место за кое што, странските туристи велат дека тука се доживува нирвана.

Наскоро на ова рајско место ќе можат да градат луксузни хотели и светските богаташи.


Јаз

Припаѓа на будванската општина и е 4.5 километри оддалечена од центарот на Будва. Низ плажата поминува сезонската рекичка Дреновштица, а од двете страни е заштитена со брдата Спас и Гољаник. Тука се организираат и големи концерти и имаат настапувано ѕвезди како Мадона и Ролинг Стонс.


Трстено

Плажата Трстено е длабоко вовлечена во копното и така е заштитена од големи бранови и бури. Долга е околу 200 метри, покриена со фин песок и излегува на бистро сино море. Позната е по песочното морско дно, прекрасната боја на морето и недопрената околина.

Би можело да ве интересира

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора

Нов земјотрес ја погоди Црна Гора

Нов земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес во близина на Никшиќ

ВИДЕО: Први снимки од земјотресот во Црна Гора

30 последовни земјотреси регистрирани по главниот удар во Црна Гора

Катерина Ѓуровски