Најстариот Израелец почина на 117 години

Од:

Шломо Сулајман, најстариот Израелец, почина вчера на 117 години, објавија денеска израелските медиуми.

Тој починал опкружен од членовите на семејството, шест деца и десетина внуци, правнуци и чукунвнуци, пренесуваат медиуите од земјата.

Сулајман, Евреин од Јемен, со сопругата и четирите деца во 1949 година пристигнал во Израел од арапската земја. Другите две деца се родени во Израел. Тој со семејството живеел во приморскиот град Нетанја и по отслужувањето на воениот рок работел како земјоделец.

Неговата сопруга почина пред неколку години на 94–годишна возраст.

Внукот на Сулајман, Гил Радија, изјави дека неговиот дедо секој ден одел во синагога и оти до последен момент бил со бистар ум. Тој истакна дека тајната на долговечноста на Сулајман била малку храна и физичка активност. Поради пандемијата со Ковид-19 последните месеци не го напуштал домот.

Сулајман, како што тврди семејството, е роден во 1903 година, со што беше и еден од најстарите луѓе во светот.

Највозрасна во светот во моментот е Јапонката, Кане Танака која има 117 години и 283 дена.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел