ВИДЕО: Најмоќните филмски сцени во последните 21 година

Од:

По повод својот 21. роденден, интернет-страницата „Ротен томејтос“ објави листа од 21 највпечатлива филмска сцена во последните 21 година. Околу 25.000 филмски вљубеници гласаа и ги одбраа трите најмоќни сцени…

На трето место е Хајли Џоел Осмент и неговата реплика „Гледам мртви луѓе…“ која го најави шокантниот пресврт на крајот во филмот „Шест сетило“.

Втора е сцената од претпоследниот филм „Одмаздници“, каде што на крајот главниот негативец со еден потег со прстите предизвикува катаклизма.

На самиот врв се најде Хит Леџер како Џокерот непријател на „Темниот витез“ Бетмен. Во самото свое прво појавување на почетокот на филмот, тој создава сосем нова перцепција за себе и му покажува на гледачот до каде може да оди со своите мрачни изведби.

Леџер почина кусо пред објавувањето на филмот и посмртно доби Оскар за оваа улога.

Би можело да ве интересира

Добитникот на Еми ја продава куќата, поради штрајкот во Холивуд останал без пари за храна

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Никол Кидман го „пецна“ Том Круз: „Сега можам да носам штикли“

Предраг Петровиќ

Позната актерка која умира, се разведува, а нејзиниот сопруг се грижи само за едно

Ана Ололовска

Позираше без фотошоп за насловна, а сите гледаат во нејзините пазуви

Ана Ололовска

Ѕвездата на филмот „Американска пита“ се најде на листата на 100 највлијателни во 2023 година

Предраг Петровиќ

Хали Бери позираше целосно гола на тераса: Општ колапс на мрежите поради оваа фотографија

Ана Ололовска