Најдобри градови за работа од дома за 2021 година

Од:

Во време кога сѐ повеќе луѓе работат од дома поради пандемијата, рангирањето на „Биг 7 травел“ (Big 7 Travel) ја избра естонската престолнина Талин за најдобриот град во светот за работа од дома.

Рангирањето на „Биг 7 травел“ е направено според различни фактори – прифатливи трошоци за живот, брз интернет и удобни паркови и ресторани.

Естонија изминативе години дозволи работа од дома во земјата без посебни дозволи и до една година. А, што е уште поважно, земјата е светски лидер во дигиталната економија. Всушност, 99 отсто од јавните услуги се 24/7 достапни на интернет, а трошоците за живот се релативно ниски. На пример, стан под наем во центарот на главниот град чини околу 500 американски долари.

Тбилиси, главниот град на Грузија, е на второто место. Во жариштето на пандемијата, земјата дозволи работа од дома за да се овозможи непречена и непрекината работа.

Третото место му припаѓа на Белград, Србија, поради многуте кафеани, галерии, продавници и непрекинатиот интернет од 24 мегабајти во секунда. Следуваат Бали (Индонезија), Чијанг Маи (Тајланд), Берлин (Германија), Сингапур, Буенос Аирес (Аргентина), Ханој (Виетнам) и Љубљана (Словенија).

На 13-то место е турскиот град Истанбул, еден од културно најбогатите градови во Европа, со вековна историја и со, според многумина со најдобра храна на континентот.

Вториот по големина град во Грција, Солун е рангиран на 16-то место на списоков. Тој е опишан како древен, живописен град во срцето на Средоземјето… Добра храна, љубезни околни жители и прекрасна природна околина. Има и сигурна интернет-брзина од 15 мегабајти во секунда, високо ниво на безбедност и ниски трошоци за живот. Натаму, Солун има и „огромен број шармантни кафулиња, совршени за попладневна работа“, се наведува во описот.

Други европски градови сместени во Топ 50 листата се Порто во Португалија – на 31. место, Мадрид, Шпанија – 32-ри, Будимпешта, Унгарија – 38-ма, Цирих, Швајцарија – 44-ти, повторно Португалија, со Лисабон – 46-ти, Прага, Чешка – 47-та и Лас Палмас, на Канарските острови, Шпанија – 48-ми на листата.

Би можело да ве интересира

Естонија и Молдавија избраа евровизиски претставници

А1он

Русија распиша потерница за естонската премиерка

Поради доаѓањето на Лавров, Естонија, Летонија и Литванија го откажаа учеството на Самитот во Скопјхе

Орце Костов

Естонија ја обвини Русија дека го поттикнува приливот на мигранти

Горан Наумовски

Балтичките земји ги затворија границите за сите руски автомобили

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ