Најчести психопати меѓу колегите

Од:

Сѐ почесто слушаме за ситуации каде „психопати“ напредуваат во кариерата, а стручните лица не велат дека е тоа само ваша заблуда или параноја.

Како да ги препознаеме и избегнеме таквите луѓе и нивното однесување? На сите овие прашања се обиде да одговори психијатарката Рената Шуман од Универзитетот Стеленбош во Кејптаун, Јужна Африка.

Според неа и нарцисите и психопатите користат разни стратегии за да напредуваат на работното место. Доколку работите со некој таков профил покрај себе, може и да не го насетите тоа сѐ дури не ве засегне и вас, па тоа да има и потешки последици.

Првостепени психопати

Тоа се луѓе без емоции. Нечујни се, а манипулативни… Не преземаат ризици и скоро и да немаат страв и анксиозност. Не чувствуваат вина или каење и често се одликуваат со асоцијални особини, но интелигентни се, и знаат вешто да одглумат друштвена личност.

Ако вашиот шеф или колега постојано говори за лична корист, а се чини дека не покажува емоционална чувствителност кон другите, многу е веројатно дека крај себе имате „класичен психопат”, смета д-р Шуман.

Второстепени психопати

Тие се емоционално нестабилни и, иако имаат потенцијал и за криминално однесување, најчесто ќе ги најдете в канцеларија. Меѓутоа, за разлика од примарните психопати, секундарните се дезорганизирани и често преземаат ризични одлуки.

Овие лица се импулсивни, темпераментни, анксиозни, непријателски расположени, па дури и агресивни и самодеструктивни.

Темпераментни психопати

Тие чезнеат за возбуда и имаат ниска толеранција за здодевноста. Често ги привлекуваат опасни спортови и активности. Овој архетип е познат и како „вжештена глава”. Претежно се работи за мажи и честопати се агресивни, импулсивни и насилни.

Харизматични психопати

Дали вашиот шеф или колега / колешка е шармантен/-на и тој шарм го користи за без напор да манипулира со другите? – Покрај својот шарм, харизматичните психопати се неодоливи патолошки лажговци. Можат да наговорат скоро секого на сѐ.

Според писанието „Харвард бизнис ривју“, главна причина за нивната привлечност е тоа што себеси, но и на другите им овозможува да ги прикријат своите недостатоци асоцијални тенденции.

Егоцентрично-импулсивни психопати

Ги избегнуваат правилата, манипулираат и лажат заради лична корист. Немаат долгорочна цел и се одликуваат со макијавелистичка егоцентричност. Нарцисоидни се и го гледаат светот како непријателско место, а себе како невина жртва на околностите, што често води кон тенденција да ја оправдуваат својата агресивност и да ги обвинуваат другите за своите проблеми или неуспеси.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Москва повикува вампири во помош во борба против антиваксери

Ана Ололовска

Чех продавал нацистички украси за елка на интернет

Ана Ололовска

САД и Канада имаат „жешка линија“ за изгорени мисирки

Ана Ололовска

ВИДЕО: Свиња брка грчки новинар во вклучување во живо

Ана Ололовска

На Американците им се скратува животниот век

Ана Ололовска

На убавите луѓе им е тешко да бидат среќни во љубовта

Ана Ололовска