Најавени нови „џорданки“ со боите на ПСЖ

Од:

Париз Сен Жермен – серија фудбалски, ракометни и кошаркарски клубови за коишто играат врвни играчи како Нејмар и Килијан Мбапе, годинава повторно ќе се обедини со брендот „Џордан“ на „Најки“. Целта се новите „џорданки“ – „Air Jordan 7“.

Специјалниот дизајн на патиките, изработен според моделот „Ер Џордан 1“, ќе има палета на боите од логото на парискиот фудбалски клуб. Во таа смисла, доминира белиот кожен дел, а од страната има проѕирна „мрежа“. Обувките ќе бидат украсени и со златни мотиви.

Тегетот – препознатливата боја на ПСЖ – се наоѓа на делот околу зглобот, во внатрешноста на патиките и на ѓонот. А пак, црната боја е на дното, и над неа се исцртуваат планинските врвови во темносина и бела боја.

Гласините говорат дека овие „џорданки“ ќе бидат пуштени на продажба на 22 мај и ќе чинат 225 долари. Но, „Најки“, официјално, сè уште не го потврдиле тоа.

Би можело да ве интересира

Стоп на новата мода, некој треба да се уапси, доаѓаат најгрдите чизми

Предраг Петровиќ

Јапонија низ креации на македонски дизајнери – Алшар, Ивановски, Маригуча и Технолошкиот факултет со свои креации на Нихон-Џи 2.0

Ана Ололовска

Познатата манекенка се сликаше гола за Велигден: поради скандалозната фотографија ги исклучи коментарите, не можеше да ги поднесе навредите

Ана Ололовска

Поранешна манекенка колабираше на работа и почина – имаше само 25 години

Горан Наумовски

Најпознатите македонски модели блеснаа во комбинации од Fashion Group

Горан Наумовски

Ја исмеваа поради изгледот по породувањето: Адријана Лима брутално им одговори на критичарите со нова фотографија

Ана Ололовска